Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број на затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои во регионов Албанија е земја со најголем број осудени лица за кривични дела во Западен Балкан, во однос на бројот на популацијата.
Според Евростат, во Албанија има 197 затвореници на секои 100.000 жители, рангирајќи се на четвртото место во Европа, по Литванија, Чешка и Естонија. По Албанија е Црна Гора со 179 затвореници. Во Србија, бројот на затвореници на 100 .000 жители е 153, а потоа следува Македонија со 146 затвореници, додека Косово со 90 затвореници на 100.000 жители.
Просечниот број на затвореници на 100.000 жители е 116, што според Евростат, е најниска стапка од 2000 година.
Меѓу земјите-членки на ЕУ , највисока стапка е забележана во Литванија (232 затвореници на 100 000), а потоа следат Чешка (209), Естонија (207), Полска (196) и Латвија (193), а најниска во Данска (59) , Шведска (57) и Финска (56). Во просек во ЕУ, 5% од затворениците биле жени.
Во Франција, Австрија и Германија, бројот на затвореници е помал од просекот на ЕУ – 103, 100 и 79 затвореници на 100.000 жители. Во Италија и Грција, бројот на затвореници на 100.000 жители е 97 односно 93.
Меѓу државите членки, најмал број затвореници е забележан во Исланд, каде според Евростат бројот на затвореници е само 38 на секои 100.000 жители. Потоа се рангираат државите од Северна Европа, при што Финска има само 56 затвореници, Шведска 57 и Данска 59 на 100.000 жители.