Пожарот во Малешевијата е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во делчевскиот регион е исто така ставен под контрола, но и на ова место на терен сѐ уште се наоѓаат припадници на армијата, како и противпожарните единици и месното население, кои ќе останат и ќе ја следат состојбата во текот на ноќта и утрешниот ден. Активни пожари има на неколку локации низ земјата.
– Пожарот во селата Сарај, Раовиќ, Буковиќ, Лескарци е сѐ уште активен и во текот на денешниот ден во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство. На терен се припадниците на армијата, ДЗС, противпожарните бригади и месното население од Сарај. Активен пожар има во Чучер Сандево, во селото Побожје, каде се запалени три куќи – изјави Марија Милкова од ЦУК.
Покрај овие пожари, активни се пожарите и во Петровец кај местото Крушје, во селото Топлица кој се шири кон Крстец, пожар има и во Агино село, во Слатина, Македонски Брод, и кај селото Средорек.