Три малолетнички со повреди бea пренесени во болница откако во нив удри автомобил во скопски Чаир. Несреќата се случила утринава околу 11 часот на улица Христијан Тодоровски Карпош.
Според првичните информации, во девојчињата удрил автомобил „пасат“ со скопски таблички. Трите малолетнички се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Повредените се префрлени на скопските клиники. Едно од девојчињата има потешки повреди и е на КАРИЛ, а другите две се на Детската клиника.
Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата.