Автомобил удри во 76-годишен пешак на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и побегна од местото на незгодата.
Со тешки телесни повреди се здобил пешакот В.Т., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.