Осумгодишно дете од Гостивар е тешко повредено кога вчера во него удрил автомобил на улицата 101 во Гостивар. Возилото го управувал З. З. (44) од Гостивар.
Во незгодата детето добило тешки телесни повреди по што било пренесено во Медицинскиот центар Гостивар за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициската станица Гостивар.