Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е во притвор како обвинета во аферата „Рекет“, поднела барање до собраниската Комисија за избори и именувања да ѝ се одреди апанажа, соопшти претседателот на Комисијата, Илија Димовски.
Димовски рече дека Јанева го доставила барањето преку нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.
Во Комисијата за избори и именувања трае седница на која треба да бидат избрани раководителите на Државниот завод за ревизија.