Утринава во 5.30 часот во гостиварското село Чегране извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар. Обвинителот е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники, соопшти ЈОРМ.
Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.
Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.