Шест танчерки затекнала полицијата синоќа во објект во гостиварското село Форино.
Како што соопшти МВР, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Форино-гостиварско, сопственост на Р.Б. од Добридол. Притоа, во објектот биле затекнати шест лица ангажирани како танчерки, од кои една од Република Албанија и пет од Република Македонија.
Сите биле приведени во Полициската станица Гостивар.