Четири лица се повредени во сообраќајната незгода што вчера околу 14 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар и во која учествувале две возила – товарно возило марка „мерцедес“ со кичевски регистерски ознаки управувано од С.Н. (55) од Кичево и патничко возило марка „опел-астра“ исто така со кичевски регистерски ознаки, управувано од В.М. (23) од Кичево.

– При оваа незгода со тешки телесни повреди се здобила А.М. (19) од Кичево, сопатничка во астрата, што било констатирано и во Општата болница во Битола.

Со телесни повреди се здобиле и возачот на автомобилот, како уште двајца сопатници од истото возило, И.А. (22) и еден малолетник сите од Кичево.

Увид на самото место извршила екипа од ОВР-Кичево, а причините за несреќата и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат, информираа од СВР Охрид.
З.А.