Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот.
Како што соопштија од Кривичниот суд, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало укинување на куќниот притвор на Јакимовски на 12 септември.
Јакимовски беше приведен на 19 март. Тој и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела, како незаконска легализација и продажба на земјиште и бесправно градење. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.