Игор Спасов, специјалецот осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски, веќе една недела се нема јавено на доиздржување на казната затвор во „Идризово“.
Казната лани му беше ставена во прекин поради здравствени причини, а од Управата за извршување санкции тогаш изјавија дека тој не може да се лекува во затворот „Идризово“. На доиздржување на затворската казна Спасов требало да се јави во петокот, но тоа не се случило.
Игор Спасов беше во притвор од 7 јуни 2011 година, а потоа го започна издржувањето на затворската казна до 29 август 2018 година, кога имаше прекин на казната поради здравствени причини. Тој досега има издржано половина од 14-годишната затворска казна, а беше осуден поради убиството на младиот Мартин Нешкоски на плоштадот во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на изборите.