Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија е уапсен по налог на надлежен јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење организран криминал и корупација, потврдија од Обвинителството за „Макфакс“.
Тој, според првичните информации, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. За него ќе биде побаран притвор од судот.
Од Обвинителството најавуваат повеќе детали во текот на денот.