Две лица од Скопје се уапсени откако при извршена контрола во товарно возило на едно од лицата, полицијата пронашла производи без документација.
Имено денеска околу 07.15 часот на регионалниот пат од Скопје кон с.Танушевци, во близина на с.Бродец, од полициски службеници од Полициска станица Танушевци, во содејство со полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле лишени од слобода А.А.(38) и Е.Е.(29), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“.
При извршена контрола на товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А., во кое сопатник бил Е.Е., биле откриени поголемо количество производи кои пријавените ги превезувале без да поседуваат соодветна документација, без декларација на производите и со невалидна испратница.
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа надлежните служби.