Две лица се здобиле со телесни повреди, а едно со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.
Како што информира денеска МВР, сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „Опел aстра“, со скопски регистерски таблици, управувано од Е.З.(26) од Скопје и патничко моторно возило „Фиат стило“ со скопски регистерски таблици, управувано од М.С.(37) од Скопје.
По незгодата, М.С. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ каде лекар констатирал телесни повреди. Возачот Е.З. и сопатничката од истото возило Б.З.(21) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде кај Е.З. биле констатирани телесни повреди, а кај Б.З. биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.