Пет лица, меѓу кои три деца, се повредени во сообраќајна несреќа што се сучи утрово на автопатот Тетово-Гостивар, кај клучката за Камењане.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат дека во несреќата учествувале три возила, од кои едното со британски регистерски таблички.
Сите повредени се пренесени во тетовската болница за да добијат лекарска помош.
Сообраќајната несреќа предизвика застој од два часа во сообраќајот, кој од 9 часот е нормализиран.
Срби учествувале во сообраќајна несреќа кај Куманово
Вчера во Куманово на улицата „11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило со управувано од 26-годишен кумановец, и патничко моторно возило со српски национални ознаки, управувано од 46-годишно лице од Србија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од Србија, која била пренесана во Општата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило.
Повреден е и возачот од Куманово како и неговиот сопатник кои биле пренесени во Општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
Жени од Македонија, Албанија и Косово приведени во угостителски објект во Гостивар
Утрово во 2 часот во селото Чегране, Гостиварско, во угостителски објект во сопственост на А.Н.(49), при акциска контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, биле приведени 11 женски лица.
Седум од жените биле Албанки, една од Косово и три од Македонија, јави МВР.
Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.