Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на крстосницата од регионалиниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за село Враништа во која тешко повреден е 65-годишен пешак.
Од МВР информираат дека во сообраќајката учествувале товарно моторно возило „Мерцедес“, управувано од Р.Ќ.(45) од село Враништа, патничко моторно возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(57) од село Велешта, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ш.K.(45) од село Велешта, а настрадал пешакот Н.Б.(65) од село Враништа.
Во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде што бил пренсен пешакот му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.