Тригодишно девојче од Битола била тешко повредено откако автомобил удрил во него.
Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера во 12.25 часот на улица „7-ми Јули“ во Битола, кога товарно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, а управувано од И.Г.(38) од село Селце, прилепско, удрило во тригодишното девојче од Битола.
Со тешки телесни повреди се здобило детето и било пренесено во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.