Ноќеска во 2 часот по полноќ на булеварот „Трета Македонска Бригада“ 21-годишно момче е тешко повредено кога со автомобилот удрило во бетонска жардињера.
Од МВР информираат дека патничко моторно возило „Опел корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.В.(21) од Скопје удрило во бетонска жардињера.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.В., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.