СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Ф.(42) од селото Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
– Пријавениот, подолг период психички и физички ги малтретирал негова сопруга А.Ф.(38) од с.Палатица и нејзините три малолетни деца. На 13.12.2019 во семејниот дом во с.Палатица, по претходна расправија, со нож ѝ се заканил по нејзиниот живот – информираат од МВР.