Полицијата казни 24-годишен тетовец кој на автопат возел со брзина од 300 километри на час. Според информациите на МВР, полицијата вчера го казнила 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој со „бмв“, со тетовски регистарски ознаки околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа Тикток.
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата тој треба да плати парична казна од 400 евра, а ќе му биде одземена и возачката дозвола до една година.