Одблизу ја следиме ситуацијата со Сашо Мијалков, изјави портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“.
Оттука велат дека се свесни за извештаите поврзани со бегството.
Полициски екипи трагаат по Мијалков од вчера кога не успеаја да му го врачат решението за куќен притвор, а Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница.
Пресудата за Мијалков, кој е обвинет во предметот за масовно прислушување „Тврдина-Таргет“, треба да биде соопштена в петок.