Скопската полиција за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против две скопјанки на возраст од 56 и 36 години кои заедно изготвиле лажна потврда за редовен работен однос за првопријавената.
Со лажната потврда жената во банка во Скопје лажно прикажала дека е кредитноспособна и подигнала кредит од 900.000 денари.
Скопјанките се товарат за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.