Пожарот кај маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник е локализиран по големите напори што спречија ширење на огнот низ околните населби и села. Во гаснењето учествуваа екипа ловџии, мештаните, полицијата, армијата, пожарникарите, шумарската служба, шумската полиција и неколку против пожарни единици од Бугарија и од Словенија.
Пожарот изби во неделата, по што дојде до низа пожари кои зафатија повеќе населени места во Делчевско и во Пехчевско. Од огнот биле зафатени неколку куќи во Нов Истевник каде што немало безбеден пристап, но повеќето градби во близина се спасени.
Забележано е повторно ширење на пожарите во Пехчевско, а борбата со огнот продолжува и кај селата Тработовиште и Вирче.