Државниот пазарен инспекторат затвори угостителски објект на автопатот Гостивар – Тетово поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот. Во објектот биле затекнати и пет танчарки од Албанија и Косово.
Според информациите на МВР, вчеравечер 2/3 октомври од 23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостителски објект, сопственост на З.Б.(47) од гостиварски Добридол, а лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.
При контролата било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и мерките за справување со коронавируаот, поради што сопственикот на објектот е приведен. Тој се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, за што исто така ќе биде поднесен соодветен поднесок.
При контролата во објектот биле затекнати и пет странски државјанки, танчерки, од кои три од Албанија и две од Косово, на различна возраст од 26 до 45 години, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта
Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Објектот е затворен од страна на Државен пазарен инспекторат.