Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил марихуана со вкупна нето маса од 123 грама која ја чувал во куќата на неговиот дедо. Дрогата ја препакувал во 23 помали полиетиленски паковки со намера да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
Јавен обвинител до Судот поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.