Чувар вработен во угостителски објект на скопскиот булевар „Јане Сандански“, вчера во раните утрински часови пријавил во полиција дека маж паднал од зграда и удрил во тендата на објектот.
Според пријавата на чуварот, инцидентот се случил околу 6 часот и 40 минути, додека тој бил на работното место, а човекот паднал од четвртиот или петтиот кат на зградата.
Екипите за итни случаи констатирале дека повредениот човек е 46-годишниот П.Ј. од Скопје. Тој веднаш бил пренесен во Ургентен центар каде му биле константирани тешки повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.