Четириесет и шестгодишен маж синоќа почина во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Тој бил донесен од Заводот за рехабилитација во многу лоша здравствена состојба и по направена реанимација, починал.
Според информациите, се работи за З.С. од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.