Педесет и седумгодишен скопјанец ограбувал станови во Тетово во периодот од октомври 2015 до декември 2018 година.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела тешка кражба и три кривични дела тешка кражба во обид.
Според информациите од МВР, пријавениот А.А.(57) од Скопје, во временскиот период од октомври 2015 до декември 2018 година, кривичните дела ги извршил во станови во Тетово, на тој начин што со тврд предмет насилно ги отворал влезните врати и крадел пари, златен накит, компјутери, мобилни телефони и часовници. Пријавениот причинил материјална штета во износ од околу 327.300 денари.