Доцна синоќа од Итната медицинска помош било пријавено дека во близина на дискотека во Градски парк во Скопје, на улица бил пронајден 38-годишниот И.А., кој лежел во бесознание со повреди од претходен физички напад.
Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.
МВР јави дека презема мерки за расчистување на случајот.