Следната генерација на системот за командување (НИКС) беше промовирана од директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција. Станува збор за систем за управување со кризни ситуации што ги дигитализира податоците од терен, за да бидат достапни во централата.
– Преку НИКС членовите на главниот штаб гледаат на кои места имаме активен пожар и каде се изгаснати пожарите. Сите податоци од терен ги имаме на едно место, што му помага на главниот штаб да носи квалитетни одлуки и подобро да координира со ресурсите на терен – објасни директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, додавајќи дека НИКС ќе биде подетално претставен в среда.
Помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова информираше за актуелната состојба со пожарите. Таа истакна дека пожарот во Делчевскиот Регион е ставен под контрола, но не и целосно е изгаснат, при што таму се екипи кои ја следат ситуацијата за да не дојде до негово разгорување. Пожарот во Будинарци се уште е активен, како и пожарот во скопски Сарај, каде што ќе летаат дронови за да се види каде може да биде локализиран. Активни пожари има и во Пехчевско, Прилепско, Битолско и во Кавадаречко.