Педесет и петгодишен маж (Б.Л.) потона во водите на езерото Козјак, откако се превртел чамецот на кој ловел риба.
Несреќата се случила вчера околу 17 часот, информираат од полицијата.
Тој бил во друштво на уште едно лице (А.Д.) кое го пријавило случајот.
– А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото – велат од МВР.
Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на рибарот и за расчистување на случајот.