СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето О.М.(47), кој вчера напладне, откако бил спречен да го запали контејнерот со ѓубре го нападнал полицаецот.

Лицето О.М е лишено од слобода и против него ќе бидат преземни соодветни мерки.

Според битолската полиција лицето О.М. на возраст од 47 години, од селото Долно Агларци вчера во 13.25 часот на улица „Филип Втори Македонски” во Битола, додека полициски службеник вршел работи од областа на безбедноста на сообраќајот забележал лице кое сакало да фрли запалена хартија во контејнер.

Полицаецот најпрво усно го предупредил да не го пали контејнерот, по што лицето започнал вербално да го навредува и физички го нападнал.

По ова лицето О.М. е приведно во битолската полиција и против него е поднесена кривична пријава.

М.М.