Скопјанец заврши со повреди откако вчера на пладне, на автопатот Свети Николе-Штип, кај место викано „Медово“, се превртела цистерна со бензин, по што се запалила.
По незгодата, како што информираат од полицијата, возачот на цистерната бил пренесен во Медицинскиот центар Штип за укажување на лекарска помош, каде што му биле констатирани телесни повреди.
Пожарот е изгаснат од противпожарните единици од Свети Николе и Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Свети Николе.