Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 256 казни за возачи.
Меѓу нив, 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 9 за минување на затворен семафор (црвено светло), 14 мерки за користење на мобилен телефон, 50 за неносење заштитна маска, 37 санкции за непрописно паркирани возила, а 32 возила се подигнати од „пајак“ службата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.