Скопјанец на возраст од 22 години синоќа околу два часот по полноќ во полиција пријавил дека претходно, околу 22.30 часот додека со неговата девојка се возел во автомобил „пежо 306“, на булеварот „Гоце Делчев“ го пресретнала поголема група на лица, од кои две лица го запреле возилото.
Потоа едно од лицата физички го нападнало, а другото лице му го одзело автомобилот, по што го напуштило местото на настанот. Во возилото имало пари и мобилен телефон.
Како што информираат од МВР, 22-годишникот во текот на денот го купил автомобилот од извесен Ф.И.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.