Полицијата приведе 29-годишен скопјанец осомничен за кражби на велосипеди.
Според информациите на МВР, денеска полициски службеници извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во село Визбегово, Скопско, при што биле пронајдени седум велосипеди, кои биле украдени.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.