Седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години се пронајдени од полицијата при преглед на патничко моторно возило управувано од гевгеличанец утринава во селото Прдејци.
Како што информира МВР, утринава во 2.30 часот од страна на патрола од Граничен премин Богородица, во село Прдејци било сопрено патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со велешки регистарски ознаки управувано од Р.М. (47) од Гевгелија.
При преглед во возилото, биле пронајдени седум авганистански државјани на возраст од 18 до 38 години. Мигрантите и возачот се приведени за понатамошна постапка.