Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, за кое се обвинети нејзниот основач Бојан Јовановски и уште четири лица, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје.
Предвидено е на денешното рочиште да сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”, со што судењето е во фаза на изведување на вербални докази.
За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Јовановски, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени, за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.
Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.