Пронајдена е дрога со вкупна тежина од 1,5 килограм при претрес во дом и други локации на 29-годишен скопјанец од с. Долно Лисиче.
При претресите пронајдени се 40 кеси со марихуана, со вкупна тежина од речиси еден и пол килограм, и дигитални ваги, како и амфетамин. Г. Ф. е приведен во ПС Аеродром за понатамошна постапка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.