Синоќа во полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ проведено е 33-годишно лице од Германија поради тоа што во патничко возило со германска национални ознаки превезувал три лица од Гана.
Лицата при контролата приложиле туѓи патни исправи, односно пасоши во сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија, кои биле пријавени за украдени во текот на 2019 година, информираат од МВР.
Во разговор со полициски службеници лицето изјавило дека пасошите ги набавило во Германија.
Возачот бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Трите лица од Гана ќе бидат пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје. Во врска со настанот, приведена е и 30-годишна Италијанка, која била сопатничка во возилото, велат од полицијата.