Полициски службеници денеска на Средно Водно привеле три лица од Скопје кои биле затекнати како вршат кражба во автомобил.
– Д.Д.(33), Ф.Д.(27) и Е.Н.(17), сите од Скопје биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки. При преглед кај нив биле пронајдени одземените предмети, а исто така кај Д.Д. бил пронајден и блокатор – соопшти МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.