СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари

-Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со употреба на тврд предмет го искршиле задното лево лептир стакло и ја отклучиле вратата на патничко моторно возило марка “Рено меган“ (со битолски регистарски таблички), влегле во возилото, успеале да го отворат гепекот на возилото, и заедно со другите двајца пријавени М.Џ. и Б.Џ. одзеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра-се наведува во соопштението на МВР.
 
По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицата се лишени од слобода и во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото.