Полицијата приведе две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“, соопшти МВР.
Приведени се П. Ц. (19) и А. Д. (19) и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претходно, од МВР соопштија и дека од истиот телефонски број, преку кој е лажно пријавена бомбата, на 40-ина граѓани во Скопје им се ипратени СМС-пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор.
– Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС-пораки – велат од МВР.
Поради дојава за бомба, попладнево беше евакуиран трговскиот центар.