Одреден им е притвор од 30 дена на шестмина службеници на МВР, осомничени во случајот „Двојник“, потврдиле од Кривичен суд Скопје за МИА. Истата мерка е одредена на уште едно лице кое е во бегство, додека на тројца осомничени им се одредени мерки на претпазливост.
Министерството за внатрешни работи до скопското Основно јавно обвинителство денеска поднесе две кривични пријави со кои се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, а во однос на издавањето пасоши со лажен идентитет.