Тешка сообраќајка се случила вчера на регионалниот пат Куманово-село Липково кај село Опае во која животот го загуби 20-годишно момче.
Од МВР информираат дека М.А. (20) од с.Отља-општина Липково, управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.
-Со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во 00.00 часот на 16.08.2018 возачот М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.