На 70-годишна возраст, денеска, почина актерот Гоце Влахов, роден на 12 мај 1949 година во Скопје.
Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје, иако остварува бројни улоги на оваа сцена од 1972 година. Тој ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење.
Македонскиот глумец, кој во својата богата кариера глумеше во повеќе филмови и серии, публиката најмнаогу го памети по улогите во „Македонските народни приказни“, но и во „Трст виа Скопје“, „Во светот на бајките“ и „Тврдокорни“.
Влахов глумеше и во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, а последната улога ја имаше во 2010 година во филмот „Мајки“, исто така на Манчевски.
Неговите колеги се простуваат од него на социјалните мрежи.
Посмртните останки на Гоце Влахов ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во вторник, во 11 часот, а погребот ќе биде во 12 часот.