По долго и тешко боледување, на 85-годишна возраст во Скопје почина актерката Таска Балабанова.
Балабанова е родена во Велес. Актерската кариера ја започна во некогашниот Младинско-куклен театар, од кој во 1965 е формиран Драмскиот Театар. Таа потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радио актер и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми.
Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива од цртаната серија „Попај морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата „Штрумфови“.
Таска Балабанова учевствуваше и во снимањето на првите реклами во 1950-те години.