Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко.
Полицијата потврдува дека бил приведен, но засега не се познати детали за случајот.
Според неофицијални информации тој се поврзува со делото “неовластено навлегување во компјутерски систем”.
Се очекуваат повеќе детали за случајот поврзан со Јосифовски, кој неодамна пројави амбиции да го замени Тито Петковски на лидерското место во НСДП.