Во редовна контрола на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија полициски службеници синоќа во 01.00 часот по полноќ откриле 10 лица мигранти во патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.
Осум од мигрантите, соопшти денеска МВР, биле од Пакистан и двајца од Авганистан.
Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф. (35) од скопското село Студеничани. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.