Во врска со настанот од 19-ти овој месец во Гевгелија, каде што повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење согласно уредбите на Владата, Министерството за внатрешни работи во текот на денов идентификувало 18 лица учесници на настанот, извршиле службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица.
Гевгелија денес ?♂️ pic.twitter.com/pdzBmDX4zz
— Мапко (@mapkoman) April 19, 2020
Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија, соопшти МВР.
За случајот се дозна откако на социјалните мрежи се прошири снимка од велигденското оро за време на полицискиот час.